EnglishBulgarianGerman Formal - SieRomanianRussianSerbianМакедонски (Macedonian)Turkish

ОРАК Рисконт Склад - Дополнителни модули

PDF Печати Е-пошта

Дополнителни модули:

Модул 1.1. Фактурирање / Консигнација
Модул 1.2. Платен Промет и Пресметки со Клиенти и Добавувачи
Модул 1.3. Рецептурник / Производство
Модул 1.4. Размена на податоци помеѓу Објекти
Модул 1.5. Управување со Мобилна и Разносна Трговија
Модул 1.6. Експорт кон сметководство
Модул 1.7. Ваги, печатење на етикети и Data Port Модул

Модул 1.1. Фактурирање / Консигнација:

     Модулот за фактурирање и консигнација ја отвора можноста на системот за работа со фактури и извештаи. Тие ја надополнуваат функционалноста на системот и дозволуваат паралелно следење на испратници и фактури, како и врските меѓу нив, по која испратница има пуштено фактура, кои редови од испратницата се фактурирани итн

     Модулот за фактурирање и консигнација ја отвора можноста за следење на фактурен магацин на секоја компанија одделно. За разлика од  залихите за стоки кои се водат за секој магацин одделно, фактурните залихи може да се водат не само кон магацин, а и кон фирма. И бидејќи системот РИСКОНТ е многускладов и многуфирмен, во пракса може да следи скоро се што е поврзано со трговската дејност дури и на големи холдинг компании. 

     Покрај залихите, со користење на модулот Фактурирање / Консигнација, веќе можат да се следат и книговодствени вредности со методот на средно-измерена цена за секој магацин и компанија. Ова е многу корисно затоа што така многу стриктно може да се следи не само дали некоја стока може да биде фактурирана (ако има / нема залиха), но и на каква цена може да биде фактурирана.

     Овој модул овозможува освен тоа да се следат, предвидат, преоценат и вратат дадените и земените консигнации, веќе е можно сервисирање на документите преку превземање на содржината, т.е ако треба да отчитаме консигнација или да пуштиме фактура за исписница, не е потребно да се препишува документот повторно, а треба само да се наведе примарни документ и да се воведат корекции.

     Во логиката на работа со отчитувањето на консигнации е можно,да треба да се фактурира дадена стока, но нејзините фактурни бројки да се истрошени. Тогаш системот може да понуди фактурни замени по одредени критериуми за оваа стока, за да може да се издаде документ на клинетот.

     Покрај тоа, овој модул ги отклучува сервисните функционалности за проверка на хронолошка вредност и пресметка на фактурни залихи и вредности. Ова е особено важно при работа со измешана хронологија, при корекција на примарни документи, набавка со минати датуми, распределба на бонуси за период и др.
 

Модул 1.2. Платен Промет и Пресметки со Клиенти и Добавувачи:

     Модулот за платен промет и пресметки со Клиeнти и добавувачи опслужува другиот критичен промет по документи за компанијата - финансискиот. На тој начин заедно со стоковниот и фактурниот се добива целосна контрола и следење на основните бизнис текови. 

     Модулот за платен промет и пресметките со Клиенти и добавувачи, претставува каса на магацинската програма. Освен што во касата можат да се следат сите корпоративни расходи и приходи, може да се следат и финансиските односи и состојба со добавувачите и клиентите. Секој стоков или фактурен документ издаден од или кон партнер на системот се следи самостојно, односно системот знае кој клиент, за кој документ има долгови и соодветно нашите долгови кон добавувачите.

     Модулот може да ги следи долговите и како општи салда со соодветниот контрагент. Ова е особенно важно, кога добавувачите ни се клиенти и обратно. Така можат да се добиваат фискални или не фискални плаќања на долгови и да се следи само реално салдо. Во овој модул се следат и одложените плаќања на клиентите од ПОС системот и се знае кој колку е пиел и колку е платил.

     Модулот поддржува и валутна каса, со што плаќањата и салдата можат да се следат по валути. Плаќањата можат да бидат по банкарска сметка, со чек или во кеш. Кон секое плаќање може да се избере основ (од претходно дефинирана номенклатура), што го прави структурирањето на извештаи многу удобно.

     Не на последно место, Модулот за платен промет ја следи залихата на касата на секој оператор одделно и нуди функции за трансфер на фискална залиха од една каса во друга. Така може да се управуваат финансиските текови,со тоа што сите пари, внесени во касите во текот на денот, се отчитуваат на управникот, а тој од своја страна ја отчитува својата каса на сопственикот.

      Модулот нуди и датални прегледи за сите операции, поддржува печатење на ПКО и РКО на матричен принтер.


Модул 1.3. Рецептурник / Производство:

     Модул Рецептурник Производство ја содржи во себе функционалноста за управување со расходи, трансформација на суровини во производи за актуелните расходи. Модулот поддржува номенклатурно управување со рецептите и расходи и поврзани со нив фири, нето и бруто количина, како и операции за трансформација на суровини во производи и обратно - Производство и расклопување.

     Важна карактеристика е правилно водење на вредностите како при производството, така и во расклопување на производите. За потребите на коректните вредности кон модулот се вклучуваат и сервисни операции "повторната пресметка на потрошувачката на стоки по актуелните расходи".

- Ако биде пронајдена неточно воведена рецепта, по корекција повторно и се пресметува целото производство сврзано со овој рецепт "пресметка на производни трошоци"
- Ако биде пронајдена неточна стока или количество во голем број рецепти, по корекција можат да се пресметаат само овие рецепти, каде што учествува згрешениот производ.

     Модулот има подесувања при продажба на производи, за кои што нема залиха, но има расход, автоматски да ги произведи продаваните производи по нивниот расход. На овој начин, паралелно со продажбата се генерира производствен протокол со количините и износите на суровините и крајниот продукт.

     Операцијата расклопување, исто така, е важен дел од овој модул. Благодарение на неа можат да се "одделат" производи (на пример труп месо) и избраната потрошувачката системот ќе ги обработи "одделените" делови по соодветните количини и ценовно пропорционална вредност.


Размена на податоци помеѓу Објекти:

     Модулот размена на податоци помеѓу Објекти овозможува синхронизација на податоците помеѓу различни оддалечени објекти. Модулот има вградени клиенти за е-пошта за примање и испраќање на податоци, како и механизми за следење на измени во различни системи.

     Модулот ја префрла содржината на сите номенклатури и примарни документи и на тој начин обезбедува идентични резултатни информации во сите сихнронизирани системи. Синхронизацијата на податоците може да биде целосна - тогаш се пренесуваат сите документи од еден систем до друг, или делумно - тогаш се пренесуваат само податоците поврзани со примачот на информацијата. Така се добива лесно управување со протокот на информации во разгранетата структура од оддел и објекти кои треба да делат заедничка и приватна информација.

     Модулот овозможува синхронизација и со надворешни системи (софтверски системи на други компании и бази на податоци), со вграден систем за извлекување и обработка на податоци. Модулот може да се конфигурира и да се вклучува автоматски во одредени часови, така што ако има по обемна синхронизација, таа да се изврши во ненатоварено време за корисникот и системот .


Модул 1.5. Управување со Мобилна и Разносна Трговија:

    Модулот Управување со мобилна и Разносна Трговија претставува магацинска функционалност на разносната трговија. Таа овозможува управување на неограничен број мобилни единици.
Овие мобилни единици представуваат магацини на фирми и се сервисираат по аналогните за системот функции и менија. Овој модул кореспондира со вчитаниот на секој палм мобилен уред 'Орак Палм ПОС' модул и на тој начин овозможува синхронизација на податоците помеѓу Мобилните складови и централниот компјутер. 

     Со овој модул може да се покажат, следат и управуваат залихите, продажбата, плаќањата, барањата дури и правците на мобилните складови. Од овој модул се поставуваат ценовата листа со која ќе се продава, како и отстапките за секој клиент за вкупно салдо и по групи


Модул 1.6. Експорт кон сметководство:

     Експорт кон сметководство е дополнителен модул, кој овозможува обработка, подредба  и извлекување на податоци кон сметководствени системи. За да се префрлаат податоци кон надворешна счетоводстводна програма, треба соодветната  програма да поддржува внесување на сметководствени датотеки од  други системи. Форматот и содржината на извлечената информација  се подесува дополнително од страна на сметководителот, кој ја контролира фирмата. Во моментот модулот ги поддржува најпознатите сметководствени системи во Бугарија, а нуди и интеграција со ERP системи како Navision и SAP и др.


Модул 1.7. Ваги, печатење на етикети и Data Port Модул:

 

     Модулот предлага врска и синхронизација на податоци со електронски ваги. Ова овозможува да се вчитуваат податоците во електронските ваги, така што при мерење на стоките и печатење на етикетите, податоците да бидат прочитани од ПОС системот за време на продажбата. Модулот поддржува вчитување на податоци на најголемите електронски најраспространети ваги во Бугарија - Digi, Bizerba, Daisy, Datecs и др. Сепак, за успешна интеграција со секоја вага, таа треба да поддржува стандардни комуникациски својства и протоколи. Можно е да има модели од производителите на електронски ваги, кои не можат да бидат управувани на тој начин.

     Модулот овозможува и  управувањето со печатот на етикети во системот. Печатот на етикетите е можно, како во специјализирани означени печатари така и со стандарден Windows управуван принтер. Модулот има сопствен систем за создавање на изгледот на етикетите за печатење со Windows принтери, така што може да се користи независно од специјализираните уреди. Изборот на стоки за печатење на етикети е флексибилно организиран - за печатење можат да бидат испратени стоки со променети цени, имиња, карактеристики, стоки вклучени во одредени документи или за кои има активиран протокол за преоценка на цените и др.

     Модулот овозможува користење на специфична за системот отворена информациска средина, преку која можат да се користат комбинирани податоци при пуштање на документи, обработка на датотеки итн. Средината е доста флексибилна и функционална  и во некој случај нуди единствен начин за исполнување на сложено  решение.
 

Сврзете се со нас Online !

LiveZilla Live Help

Свържете се с нас по телефона

0888 227 300


Контакт | Услови за користење | Карта на сајтот | Работа во ОРАК |© 2010 ORAK Engeneering