Софтверска Бизнис Платформа R5 |
|
|
|
Ако 80-те беа години на квалитетот, а 90-те - на Инженеринг, тогаш акцентот во 21-то век ќе биде врз квалитетниот инженеринг и брзината, динамичната промена во суштината на бизнисот, брзината на спроведување на самиот бизнис, начинот на кој пристапот до информации ќе го промени животот на потрошувачите и нивните очекувања за бизнис делата.
Ние ќе Ви помогнеме да се дистанцирате од конкуренцијата. Како? Со тоа што ги добивате и обработувате побрзо информациите! Вие ќе сте една идеја пред нив! Ние создадовме Софтверска Бизнис Платформа R5 за да одговориме на Вашите зголемени барања и на современите тенденции за изградување на комплексни бизнис-информациски системи. Користејќи ги најсовремените технологии, ние создаваме квалитетни програмски производи кои ја зголемуваат долготрајноста на вашиот систем и ги зачувуваат Вашите инвестиции.
Исто како и човекот, една компанија треба да има внатрешен комуникациски механизам, "нервен систем" кој ги координира нејзините активности. Долги години нашите специјалисти работеа на тоа - да го изградат нервниот систем. Работните станици се Рецептор за собирање на информации. Мрежната преносна средина е дигитална невронна мрежа, SQL базата на податоци е дел од мозокот, во која се чува информацијата, а душата и разумот, кои ги анализираат информациите и донесуваат одлуки е Вашиот тим.
Нашата платформа R5 е тоа што ви се допаѓа во работата плус нешто ново, кое што ќе го засакате!
|
|