EnglishBulgarianGerman Formal - SieRomanianRussianSerbianМакедонски (Macedonian)Turkish

Кои сме ние?

PDF Печати Е-пошта

ОРАК Инжинеринг 

  • е софтверско консултантска фирма основана во 1996г. во градот Пловдив Р. Бугарија. Основната дејност на компанијата е проектирање, градење, поддршка и развој на софтверски бизнис решенија за туристичкиот сектор и трговијата на мало и големо. Фирмата обезбедува консултации, проектирање, имплементација, обука, гаранциска и вон-гаранциска поддршка, како и други услуги во областа на високите технологии.
  • ја има изградено својата репутација на сигурен партнер во однос на многу бугарски и меѓународни, државни и приватни организации, благодарение на целосната ориентираност кон потребите на клиентот, доброто сервисирање и високиот квалитет на предложените продукти.
  • ги пречекува предизвиците на постојано променливата бизнис клима со иновативност и визија за иднината. Нашите програми се изградени со најсовремените технологии во софтверското инжинерство. Во нив е вложено долгогодишното искуство на нашиот тим, клиенти и партнери. Како резултат, продуктите на ОРАК Инжинеринг ги задоволуваат високите стандарди и динамиката на современата бизнис реалност ја опфаќаат секоја спецификација на сферите, за кои се наменети  - Туризмот и Трговијата.
  • работи со консултантски тим од експерти со богато искуство во областа на информатичката технологија. Стратегијата за имплементација на проектите минува низ детална дискусија меѓу двете компании, нашите специалисти прават проучување, кое има за цел да синтетизира коректна информација за суштината и критичните точки на Вашиот бизнис. На база на резултатите се изготвува индивидуален проект за целосно софтверско решение за Вашата компанија и се пристапува кон имплементација.
  • ја има откриено формулата за сигурност на своите клиенти и за стабилното темпо на развој - професионализам, кој ги надминува Вашите очекувања!
Доверете се на професионализмот, доверете се на ОРАК Инжинеринг!
 
Контакт | Услови за користење | Карта на сајтот | Работа во ОРАК |© 2010 ORAK Engeneering